Достапни линкови

Полициски час во неколку чилеански градови по насилните протести


Чиле - Демонстрант во судир во полицијата за време на протест во Сантијаго против покачувањето на цените за транспорт.

Војската на Чиле патролира по улиците на главниот град и на уште еден голем град, откако во текот на ноќта беше прогласен полицикси час за да се спречат немирите предизвикани од планот за зголемувње на трошоците за транспорт.

Полицискиот час стапи на сила во текот на ноќта, додека илјадници демонстранти се собираа, а пожари се уште гореа во делови на Сантијаго – град со 16 милиони жители, и покрај тоа што часови претходно претседателот Себастијан Пинера одлучи да го повлече планираното покачување на цените од четири проценти.

Војниците се судрија со демонстрантите во текот на денот на 19 октомври, употребувајќи солзавец и водени топови.

Градоначалникот на Сантијаго рано денеска изјави дека тројца се загинати во пожар во ограбен супермаркет, во услови на извештаи дека се случувале бројни грабежи.

Шестдневните често насилни протести следеа по објавувањето на покачувањето на цените, за кои Владата вели дека се потребни покачените цени на увезеното гориво, девалвацијата на валутата на земјата и финасирањето за одржување.

XS
SM
MD
LG