Достапни линкови

ЕУ ги разгледува следните чекори по барањето на Џонсон за одложување на Брегзит


Доналд Туск - претседател на Европскиот совет.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека “ќе започне да се консултира со лидерите на ЕУ за тоа како да реагираат“ по официјалното барање на британската Влада за одложување на Брегзит.

Британскиот премиер Борис Џонсон беше присилен според легислативата донесена пред еден месец да побара тримесечно одложување, откако Парламентот вчера го одложи гласањето за можниот договор за развод.

Џонсон ја презеде власта во јули оваа година ветувајќи дека 31 октомври Велика Британија ќе излезе од Блокот со 28 земји членки.

Тој наводно барањето за одложување го испратил непотпишано и проследено со друго потпишано писмо ставајќи јасно до знаење дека мисло оти таквото одложување е грешка.

Во обид да го избегнат таканаречениот тврд Брегзит без договор, пратениците вчера на ретка седница одржана за викенд гласаа 322-306 да не го одобрат договорот без легислатива за негово спроведување.

Гласањето беше поздравено од стотици илјади демонстранти против Брегзит кои маршираа на плоштадот на Парламентот во Лондон за да побараат прегласување на референдумот од 2016 година на кој тесно победија поддржувачите за Британија да ја напушти Унијата.

Туск вчера на Твитер напиша дека разговарал со Џонсон по гласањето, додавајќи дека го чекал писмото.

Канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека францускиот лидер разговарал со Џонсон и ја истакнал потребата за „брзо разјаснување на британскиот став за договорот.“ Макрон наводно му рекол на Џонсон дека „одложувањето нема да биде во интерес на никој.“

XS
SM
MD
LG