Достапни линкови

Алијанса за Албанците - изборите се добра вест


Архива - лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

По вчерашната вест дека нема датум за почнување преговори со Европската унија, денеска е добра вест тоа што премиерот Зоран Заев најави дека ќе се оди на предвремени парламентарни избори, соопшти Алијанса за Албанците.

„За нас како Алијанса на Албанците е прифатлива и ја поздравуваме. Се надеваме дека на утрешната средба лидерите на политичките партии ќе се согласат како треба да се спроведе целиот овој процес. Ние сме убедени дека на државата и треба нов политички легитимитет при што ќе дојдат политички сили што ќе имаат кредибилитет да ја сносат одговорноста и во најскоро време да се добие датумот кој, на некој начин, ги разочара сите наши граѓани“, изјави на прес-конференција портпаролот на партијата Флакран Беџети.

XS
SM
MD
LG