Достапни линкови

Полицијата во Баку уапси опозициски демонстранти


Азербејџанската полиција апси опозициски демонстрант во пресрет на одржување на протест во Баку. 19.10.2019.

Полицијата во Баку уапси десетици опозициски активисти пред планираниот днешен протест во главниот град на Азербејџан.

Азербејџанската истражувачка новинарка Хадиџа Исмаилова вели дека полицијата исто така блокирала три метро станици во очигледен обид да ги спречи демонстрантите да стигнат до местото на собирот. Таа исто така рече дека пристапот до интернет е блокиран во поголем дел од градот.

Хјуман рајтс воч ги критикуваше азербејџанските власти за одбивањето да дозволат мирен собир на опозицијата.

„Азербејџанските власти продолжуваат да покажуваат брутален презир кон слободата на собир во земјата“, изјави Гиорѓи Гоѓа – директор на Хјуман рајтс воч за Јужен Кавказ.

Последната полициска акција доаѓа откако на 8 октомври беа уапсени неколку луѓе на протест во Баку во поддршка на правото на слободно собрание организиран од Националниот совет на демократски сили – група за поддршка на азербејџанските опозициски сили.

XS
SM
MD
LG