Достапни линкови

Грчки медиуми: „Политички земјотрес во Скопје по ветото од Франција"


Илустрaција. Грчки медиуми за гласањето на Бундестагот за датум за Македонија

Грчките медиуми, по завршениот Самит на ЕУ, на насловните страници на весниците и изданијата на веститe објавуваат дека ветото од Франција предизвика политички случувања во Северна Македонија.

„Бура во Скопје по кажаното „не“ од ЕУ“; „Разочараност во Северна Македонија“; „Политички земјотрес во Скопје“, се дел од коментарите, jави МИА од Атина.

Грчката телевизија Антена коментира дека Франција ја блокираше европската перспектива на Северна Македонија, а државната телевизија ЕРТ, во прилогот во вестите, коментираше дека постои разочараност во Северна Македонија.

" Европа им заврти грб на Скопје и Тирана. Зоран Заев и Еди Рама се враќаат со празни раце" коментира телевизијата Стар, додавајќи дека блокадата од Макрон предизвикува разврска на Балканот.

Во текот на вчерашниот ден во грчките медиуми кружеше информацијата за наводна оставка на премиерот Заев.

"Според новинарски информации Ангела Меркел му се јавила на Заев и побарала да не поднесува оставка, додека пак и други странски лидери го повикаа премиерот на соседната земја да продолжи по патот на реформите" пишува Катимерини.

XS
SM
MD
LG