Достапни линкови

Каталонскиот лидер повикува на дијалог со шпанската влада


Регионалниот претседател на Каталонија, Ким Тора.

Регионалниот претседател на Каталонија, Ким Тора, повика на разговори со централната власт на Шпанија, по петдневните немири предизвикани од затворањето на водачите на сепаратистичките каталонски држави.

„Го повикуваме вршителот на должноста премиер на шпанската влада да седне на преговарачката маса за да разговара“, рече Тора пред новинарите, додавајќи дека насилството оваа недела не ја одразува мирната природа на каталонското движење за независност.

„Насилството никогаш не било и нема да биде на нашиот пат, ниту во Барселона, ниту во Тарагона, ниту во Леида, ниту во Гирона“, рече тој, осврнувајќи се на градовите во Каталонија кои се погодени од судирите.

XS
SM
MD
LG