Достапни линкови

Заев предлага брзи предвремени избори


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев предложи во земјава да се одржат брзи предвремни избори. Со овој предлог тој ќе настапи утре на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски на која тој очекува да договорат кога тоа може да се направи.

Во денешното обраќање пред граѓаните откако вчера ЕУ лидерите не донесоа одлука за почеток на преговорите со ЕУ тој рече дека е разочаран и лут, и оти гневот на граѓаните го чувствува како уште една лузна.

„Ги завршивме сите наши обврски, а тие не. Ние сме жртви на историска грешка што кај нас предизвика голема огорченост, рече Заев, кој додаде дека оваа лоша постапка на Унијата е сериозна работа.

„Но, тоа беше одлука на ЕУ заради нивни внатрешни работи, која не можевме да ја смениме“ рече Заев.

На пресс конференцијата во Владата тој рече дека граѓаните на изборите треба да го дадат правецот по кој ќе оди земјата во иднина, дали на патот кон европските демократски вредности или земјава да се врати назад кон поделби, национализам и конфронтации.

Тој рече одлуката е поради внатрешни нерешени прашања на Франција која како што рече останува наш пријател. Заев рече дека очекува Франција и ЕУ во иднина да го надминат прашањето околу проширувањето.

Премиерот рече дека не паѓа со духот и ќе продолжи да се бори и оти е подготвен за нов мандат со цел да се донесе Европа во земјава, без разлика дали Унијата е подготвена да отвори поглавје со земјава или не.

XS
SM
MD
LG