Достапни линкови

Медведев во посета на Србија


Рускиот премиер Дмитриј Медведев

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска е во еднодневна посета на Србија каде учествува на одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Белград од нацистичката окупација. Премиерот ќе има одделни средби со претседателот и премиерот на Србија, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ.

Медведев во пресрет на посетата за српските весници изјави дека Русија е против еднострано преобликување на мапата на Балканот и го повтори ставот на Русија за Косово дека основа за решавање на прашањето е Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Во никој случај не смееме да дозволиме повторување на какви било манифестации на насилство, обиди за унилатерално преобликување на балканската мапа или која било друга акција што може да резултира во хуманитарна катастрофа“, рече Медведев.

Официјалното пречекување на премиерот на Руската Федерација пред палатата „Србија“ во Нов Белград е закажано за 14:30 часот, по што следува средба со премиерот на Србија.

Дмитриј Медведев ќе се обрати пред пратениците во Националното собрание на специјалната седница во 16:30 часот.

XS
SM
MD
LG