Достапни линкови

Се урна брана во рудник за злато во Сибир, најмалку 13 загинати


Уништување на браната во Краснојарск. Извор: МЧС России - официјална веб страница.

Најмалку 13 лица загинаа и десетици се водат за исчезнати, откако денеска се урна брана во рудник за злато во оддалечена сибирска населба, соопштија руските власти, пренесува АП.

Браната на реката Сеиба во сибирскиот регион Краснојарск пукнала и поплавила неколку кабини во кои живееле жртвите, велат руските власти.

Властите велат оти браната очигледно била изградена со прекршување на правилата за безбедност и тврдат оти надлежните не биле свесни за нејзиното постоење.

Истражителите велат дека отвориле кривична истрага за кршење на правилата за безбедност.

„Засега има информации за 13 мртви“, се вели во соопштението на Министерството за вонредни систојби.

Четиринаесет луѓе се хоспитализирани, а тројца од нив се во тешка состојба, соопштио регионалното Министерство за здравство.

Регионалниот гувернер Александар Ус во телевизиско обраќање изјави дека околу 80 работници живееле во привремена населба во оддалеченото село Шчетинкино лоцирано јужно од градот Краснојарск.

XS
SM
MD
LG