Достапни линкови

САД разочарани од одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија


Архива - државниот секретар Мајк Помпео.

САД ја поддржуваат посветеноста на Северна Македонија и Албанија за трансатлантската интеграција и аспирациите за влез во Европската унија, соопшти американскиот Стејт департмент.

„Разочарани сме што Европскиот совет не ги препозна силните напори за реформи во двете земји со давање согласоност да започнат преговри за пристапување во овој момент. Позитивната одлука би го потврдила кредибилитетот на нивниот пат кон ЕУ и цврсто ќе се спротивтавеа на на малигните надворешни актери, кои сакаат да ги поткопаат западните вредности и евроатлантската заедница“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Во него се вели оти САД препознаваат оти Европскиот совет не им кажал „не“ ниту на Албанија, ниту на Северна Македонија, ниту дека ЕУ воспоставува нови услови за отворање на пристапните преговори.

„Се надеваме дека Европскиот совет ќе постигне консензус за позитивна одлука за двете земји пред Самитот ЕУ-Западен Балкан следниот мај“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG