Достапни линкови

Британскиот парламент на ретка саботна седница ќе одлучува за Брегзит


Архива: британскиот Парламент.

Планот за Брегзит на британскиот премиер Борис Џонсон ќе се соочи, како што се очекува, со исклучително тесно гласање, откако британскиот Парламент се подготвува за својата прва саботна сесија од одржувањето на Фолкландската војна во 1982 година, објавува АП.

Станува збор за новиот план за развод договорен меѓу британската Влада и останатите 27 членки на Европската унија на самитот во четврток.

Џонсон очекува успех и поддршка од Парламентот, откако неговиот претходник Тереза Меј три пати не успеа да ги натера пратениците да го поддржат нејзиниот план.

Џонсон нема парламентарно мнозинство, но се надева дека на негова страна ќе придобие некои од опозициските пратеници од Лабуристичката партија.

XS
SM
MD
LG