Достапни линкови

Две космонаутки на првата „само женска“ прошетка во вселената


Американските космонаутки Кристина Кох и Џесика Меир надвор од Меѓународната вселенска станица

Американските космонаутки Кристина Кох и Џесика Меир влегоа во историјата како првите космонаутки коија направиле првата „само женска“ прошетка во вселената.

Се очекува двете космонаутки денеска да поминат 5,5 часа надвор од Меѓународната вселенска станица за да заменат дел од електричната мрежа на вселенската лабораторија.

Кох веќе има четири излегување во отворената вселена, но ова е прва „прошетка“ на Меир, која ќе биде 15-та жена која излегла во вселената.

Светлана Савицкаја од СССР во 1984 година стана првата жена која излегла во вселената, кога излезе од вселенската станица Салјут 7 на три часа. Со неа беше космонаутот Владимир Џанибеков.

Советскиот космонаут Алексеј Леонов во 1965 година стана првиот човек што излегол во вселената. Тој почина овој месец на 85-годишна возраст.

XS
SM
MD
LG