Достапни линкови

Пендаровски - Не би одел со сигурен став дека ќе биде ригидно одбиено барањето за датум


претседателот Стево Пендаровски.

Државниот врв лобира до последен момент за земјата да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски. Тој вели и во случај на негативна одлука, интеграцијата во ЕУ е единствена опција за Македонија.

Тој вели дека се прават последни дипломатски напори, оти работата не е завршена.

„Проширувањето е на дневен ред утре околу пладне кога треба да се донесе формална одлука. Се прават последните напори околу формулациите кои ќе бидат употребени. Во овој момент јас не би одел со сигурен став дека ќе биде ригидно одбиено нашето барање за почеток на пристапните преговори затоа што и премиерот Заев и министрите Османи и Димитров и јас лобираме до последен момент да добиеме формулација која навистина ќе ги вреднува нашите напори во изминатиот период“, изјави Пендаровски по посетата на кумановската касарна.

Лидерите на ЕУ за проширувањето ќе разговараат за време на вечерата, по дискусиите за Брегзит, кои би требало да се одвиваат побргу од очекуваното откако Брисел и Лондон постигнаа договор.

XS
SM
MD
LG