Достапни линкови

„Шамарите за Жерновски“ се суди од почеток


Судењето за „Шамарите на Жерновски“ повторно почнува од почеток, оти поминале 90 дена во кои воопшто не се одржало рочиште. Овој случај го водеше Специјалното јавно обвинителство против поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и нивни соработници. Тие се товарат дека го поттикнале насилство во 2013 за време на протестите пред Општина Центар, кога градоначалник беше Андреј Жерновски. Обвинението беше поднесено пред три години.

Обвинителката Фатиме Фетаи на почетокот на судењето предложи на Груевски, кој избега во Будимпешта, да му се суди во отсуство.

Адвокатот на Груевски бара да се повтори целосно судењето, повторно да се викаа истите сведоци и да се изведуваат материјални докази.

XS
SM
MD
LG