Достапни линкови

Во експлозија на бомба во Авганистан убиени тројца полицајци


Повредени во експлозијата.

Најмалку тројца полицајци се убиени, а 36 луѓе, меѓу кои 20 деца се повредени денеска при експлозија на автомобил бомба во близина на полициска станица во источен Авганистан.

Во експлозијата делумно е уништено и едно верско училиште, соопштуваат авганистанските власти.

Најголем дел од повредените се ученици кои се повредени од разлетано стакло. Засега никој не презеде одговорност за нападот, но авганистанските власти ги обвинуваа талибанците.

Во Авганистан се очекуваат резултатите од првиот круг од претседателските избори, кои се одржаа минатиот месец.

XS
SM
MD
LG