Достапни линкови

Путин во Обединетите Арапски Емирати на разговори за економска и енергетска соработка


Обединети Арапски Емирати- Рускиот претседател Владимир Путин и принцот Мухамад бин Зајед Ал Нахјан

Рускиот претседател Владимир Путин е во посета на Обединетите Арапски Емирати како дел од турнејата чија цел е зголемување на руското присуство на Блискиот исток. Путин пристигна во Абу Даби денеска од Саудиска Арабија, а на аеродромот беше пречекан од принцот Мухамад бин Зајед Ал Нахјан. Во обраќањето принцот изрази надеж дека со посетата на Путин ќе се продлабочат стратегиските односи меѓу двете земји. Рускиот претседател, пак, ги нарече односите меѓу двете земји пријателски и додаде дека ќе се залагаат за подлабока соработка за важни прашања како Сирија, Либија, Јемен и ситуацијата во Персискиот залив. За време на посетата двете страни потпишаа низа договори за енергетска соработка и инвестиции.

XS
SM
MD
LG