Достапни линкови

Финска предложи раздвојување на Македонија и Албанија, Франција не попушта


Финското претседателство со ЕУ официјално предложи да се раздвојат Северна Македонија и Албанија при одлучувањето за отворање на пристапни преговори со Унијата, дознава РСЕ од добро информирани извори од состанокот.

Финското претседателство набрзо треба да излезе со нов нацрт кој ќе овозможи барем Северна Македонија денеска да добие позитивна одлука, а од Албанија да се побара исполнување на неопходните услови пред почетокот на процесот.

Нашите извори тврдат дека со овој потег Франција останува изолирана. Францијапродолжува со ставот против тоа на денешниот состанок да се донесат одлуки за преговорите. Истите извори тврдат дека Франција не попушта и најавила дека нема да даде согласност Скопје да почне преговори за членство. За да се додели датум потребна е едногласна одлука.

XS
SM
MD
LG