Достапни линкови

Минималната плата ќе изнесува 14.500 денари


Зголемување на минималната плата на 14.500 денари за оваа година, најави премиерот Зоран Заев. Тоа е зголемување за 2.000 денари. Тој вели дека како влада остануваат на проекциите до крај на мандатот минималецот да изнесува 16 илјади денари.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека растот на платите е предизвикан од реалната економија и од состојбите што се случуваат на терен. Сегашното ниво на минималната плата е приближно на нивното што го има минималецот во државите од регионот, вели Анѓушев.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, вели дека платата е постигната со социјален дијалог. Ова зголемување ќе ја намали сиромаштијата кај вработените сиромашни, рече Царовска.

XS
SM
MD
LG