Достапни линкови

Пендаровски - Дури и името го сменивме, ЕУ треба да ни даде шанса


Претседателот Стево Пендаровски.

Земјата дури и името го смени, па затоа ЕУ треба да и даде шанса на Северна Македонија, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за австрискиот весник Ди Пресе. Тој вели дека очекува одлука од ЕУ, оти земјата во изминатата година ипол испорачала, како што вели, сè што требаше.

„Дури го сменивме и нашето име по историскиот договор со Грција. Ниту една земја-кандидат го нема направено ова порано. Штом ЕУ вели дека процесот на зачленување се заснова на резултати, тогаш не очекуваме ни повеќе ни помалку од она што сме го постигнале. Мојата порака е: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени“, вели претседателот Пендаровски.

Претседателот вели дека доколку се пролонгираат преговорите за зачленување во ЕУ тогаш Унијата ќе изгуби многу од својот кредибилитет, а ентузијазмот за ЕУ во нашата земја ќе падне значително.

XS
SM
MD
LG