Достапни линкови

Расистички извици и нацистички салутирања во Бугарија на натпреварот со Англија


Бугарски навивачи на натпреварот Бугарија - Англија.

Фудбалерите на Англија за време на вчерашниот натпревар со Бугарија беа цел на расистички злоупотреби. Натпреварот за квалификациите за Европски шампионат беше прекинуван двапати, бидејќи локалните навивачи упатуваа навреди и извици кон гостинските играчи. Англија победи на натпреварот со шест голови.

Првпат натпреварот беше прекинат 28-та минута поради извиците насочени кон црните играчи на Англија, како Рахим Стерлинг и Тајрон Мингз. Спикерот на стадионот упати предупредување дека натпреварот може да биде откажан, ако не запрат расистичките злоупотреби. Но и покрај тоа играта уште еднаш беше прекината, овојпат во 43 минута.

Меѓу бугарските навивачи имаше и такви кои упатуваа нацистички поздрави.

Од фудбалската асоцијација на Англија соопштија дека нивните играчи биле „подложени на гнасно расистичко скандирање“. Од таму велат дека нема место за вакво однесување.

XS
SM
MD
LG