Достапни линкови

Кривичен повторно треба да одлучува за гаранцијата на Јанева


Архивска фотографија од приведување на Јанева

Кривичниот суд повторно ќе одлучува за гаранцијата што ја понуди поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за да и биде заменета мерката притвор. Апелациониот суд донел одлука да ја врати гаранцијата до Кривичниот суд. Кривичниот суд претходно не ја разгледа, туку ја отфрли гаранцијата од Јанева, која нуди три стана дека нема да избега ако ја пуштат од притвор. Сега Апелација ја враќа гаранцијата на Кривичен суд, оти не требало да се отфрла, туку требало да се види дали има основа за тоа. Сега за жалбата на Јанева треба да одлучува Кривичен совет во Кривичниот суд.

Јанева која во меѓувреме помина четири денови во болница, се враќа во притвор во Шутка. Таа е второосомничена во случајот Рекет.

Првоосомничениот Бојан Јовановски- Боки 13, денеска повторно е однесен во „8 – ми Септември“, поради проблеми со желудникот. Неколкупати тој завршува во болница откако е притворен, а неговиот адвокат посочуваше дека состојбата му е животозагрозувачка.

XS
SM
MD
LG