Достапни линкови

Меркел и Макрон бараат од Ердоган да ја сопре воената акција во Сирија


Архивска фотографија

Германија и Франција бараат од Турција итно да престане со воената операција во Сирија. Германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побарала итно прекинување на воените дејствија затоа што и покрај легитимните безбедносни интереси на Турција, операцијата се заканува со можно раселување на локалното население, дестабилизација на регионот и оживување на ќелиите на екстремистичката организација Исламска држава, соопшти владиниот портпарол.

Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон, пак соопшти дека во телефонски разговор со Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп предупредил дека турската офанзива во Сирија може да предизвика хуманитарна криза и мора итно да сопре.

Турската операција која стартуваше во средата е, како што соопшти армијата, насочена кон екстремистите на Исламската држава и курдските милитантни, но западните сојузници во голема мера ја осудија офанзивата. Според податоците на ОН од почетокот на операцијата се раселени околу 130 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG