Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ бара суспендирање на сопругот на Ременски поради „Рекет“


Истрагата за рекет е само фарса. Русковска обвинителството прави се само за да ги прикрие трагите кои водат до главата на октоподот, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција изјави дека шест месеци и биле оставени на Фросина Ременски да влијае на истрагата и да ги чисти доказите.

Според него иронично е таа да остане пратеник кој ќе гласа за буџетот, законот за обвинителство како и закони од областа на безбедноста.

„Иронијата да биде уште поголема, нејзиниот сопруг Јовче Ременски е функционер во новоформираната Агенција за национална безбедност. Дали Јовче Ременски знаел за криминалот кој сега се става на товар на неговата сопруга? Дали свесно ги прикривал и бил соучесник во истиот или нема никаков капацитет за функцијата што ја извршува?, “праша Ѓорѓиевски.

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО да истражи дали Фросина Ременски користела информации и услуги од тајната полиција, со помош на кои го вршела криминалот кој што во моментот и се става на товар, како и суспензија на нејзиниот сопруг од работното место.

XS
SM
MD
LG