Достапни линкови

Ангеловска најави битка против сивата економија


Министерката за финансии Нина Ангеловска

Министерката за финансии Нина Ангеловска најави нови мерки за сузбивање на сивата економија. Таа во интервју за неделникот „Фокус“ истакна дека по мерката „ Мој ДДВ“ ќе следуваат и други мерки затоа што како што вели „ единствено кога губи сивата економија, добиваат сите“.

„ Во Министерството се прават анализи кои ќе покажат какви се ефектите на одделни мерки. Оние за кои проверките ќе покажат дека можеби не ги даваат очекуваните резултати и не ги остваруваат зацртаните цели, ќе се менуваат, укажува Ангеловска во интервјуто.

Таа посочува дека економијата е во добра кондиција. Растот на БДП во првото полугодие изнесуваше 3,6 проценти и е на широка основа, со раст во градежништвото, индустријата и земјоделството, како и раст на приватната потрошувачка и раст на бруто-инвестициите.

Ангеловска посочува дека веќе се работи на сет закони за натамошна либерализацијата на пазарот на платежни услуги, за зголемување на заштитата на депонентите преку натамошно јакнење на супервизијата над банките и за стимулација на пазарот на капитал.

XS
SM
MD
LG