Достапни линкови

Нова „бомба“ на Ел Чека: Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори


Радмила Шекеринска

На социјалните медиуми пред две недели е објавен нов нелегално прислушуван разговор на кој, како што тврди објавувачот Шеќерим Ахмети познат како Ел Чека, се слуша гласот на вицепремиерката Радмила Шеќеринска и нејзиниот поранешен колега вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими. Станува збор за разговор снимен во 2013 година за време на локалните избори. Во разговорот се слуша како женскиот глас бара од соговорникот нивниот човек во ДИК Субхи Јакупи, како што вели „принципиелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово, за изборниот процес да не добие црвен картон“.

Таа вели дека одлучувачки е гласот на Јакупи, и доколку има прегласување секаде каде што во прв круг победува опозицијата, тоа ќе го загрози извештајот за Македонија и ќе донесе нова политичка криза, затоа што потоа, како што вели женскиот глас, прашање на време ќе биде кога ќе го напуштат Парламентот.

Во тој период сепак имаше прегласување во Центар и во третиот круг победата ја доби Андреј Жерновски.

Денеска на социјалните мрежи за објавата на медиумите за „бомбата“ реагираше и Шекеринска.

„И самите покажаа колку не сме исти. ,,Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа“, напиша на својот официјален профил на Фејсбук Шекеринска.

XS
SM
MD
LG