Достапни линкови

Заев ги коментираше суспензијата на Ременски и сведочењето на Верушевски


Премиерот Зоран Заев

Фросина Ременски е член на Централниот одбор и на Извршниот одбор на СДСМ и од тој аспект суспензијата ѝ дава можност да не ја користи својата партиска и политичка моќ при докажувањето на својата невиност, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

„Верувам во нејзината невиност, верувам во презумцијата на невиност, но јасен сум - тоа треба низ судски процеси да се докаже. Ако тоа Фросина го докаже, тогаш вратите се повторно широко отворени да се врати во органите и телата на СДСМ“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на државната награда „11 Октомври“ во Собранието.

На прашање дали го дели ставот со партискиот функционер Зоран Верушевски по вчерашниот исказ во судот дека не е повеќе Сашо Мијалков најодговорниот човек за прислушувањето, туку Никола Груевски, кој е во бегство и „како гледа на тоа нивно пријателство во судницата да нема многу меѓусебе прашувања и потпрашувања“, Заев рече дека професорот Зоран Верушевски е негов советник, дека е голем пријател со него и многу го почитува заради храброста, важноста, заради тоа што трпело неговото семејство.

„Ги потврдувам само фактите кои се факти и како и да бидат кажани тие не ја менуваат својата суштина, вистина и основаност. Токму е времето на Груевски во кое се случуваше ваквата узурпација на човекови слободи и права преку преслушување на повеќе од 20 илјади народ, преку барем обезбедени повеќе од едем милион разговори и пораки. Тоа кое исто така е недвосмислен факт е дека шеф на државната безбедност во тоа време бил Сашо Мијалков и тука нема бегање. Секој со својата одговорност, тој што бил премиерот и како тоа го насочувал и го правел, си ја носи својата одговорност, но и тој што ја водел УБК и кој овозможил да бидат ставени на слушање толку многу граѓани треба да си ја носи својата одговорност“, рече Заев.

Додаде дека токму филозофијата на потврдувањето, кој е всушност корисникот на тие податоци, за кој се создадени тие податоци, таа е пораката која професорот Верушевски ја испрати преку судскиот процес.

XS
SM
MD
LG