Достапни линкови

Катица Јанева ќе чека до главната расправа за да даде исказ за „Рекет“


Катица Јанева на распит за „Рекет“ во Јавно обвинителство

Третоосомничената во случајот „Рекет, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, одлучила во оваа фаза да не дава исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Јанева, како што потврдила за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчковска, ќе го задржи правото во однос на предлагање сведоци и докази понатаму во постапката.

„Иако рокот за доставување докази на одбраната е до десети, тоа право го имаме до почеток на главната расправа и ќе го искористиме во таа фаза, изјави Фрчковска и додаде дека ги чекаат одлуките во врска со барањето за укинување на притворот и дадената гаранција.

„Очекуваме овие денови Апелационниот суд да донесе одлука и за нашиот предлог. Сметаме дека се исполнети сите услови за укинување на мерката и замена со поблага мерка притвор“, изјави Фрчковска.

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 денеска не даде исказ во Обвинителството, иако беше спроведен од КПУ Затвор Скопје, каде се наоѓа во притвор. На Јовановски му се слоши и на носилка и со возило на брза помош беше однесен од Обвинителството за гонење организран криминал и корупција во една од скопските клиники.

XS
SM
MD
LG