Достапни линкови

СДСМ демантира дека ветиле вработувања на 300 пилоти од Арачиново


Архивска фотографија- Седиштето на СДСМ

СДСМ, во денешното соопштение, ја оценува како лажна вест изјавата на локалните жители од Арачиново, дека им ветиле вработување на 300 пилоти.

„Лица со низок кредибилитет, лажат дека им било ветувано дека ќе се вработат 300 пилоти, тоа не е точно. СДСМ најостро ги демантира лагите изнесени во телевизиската емисија „Клик плус“ на ТВ21, дека наводно на жители на Арачиново им било ветувано дека ќе бидат вработени дури 300 пилоти. Тоа не е точно. Станува збор за класични лажни вести изнесени од страна на извесен Шаби Билали, лице со сомнителен кредибилитет“, наведуваат од СДСМ.

Претходно, во емисијата Клик плус на телевизијата 21 беше емитуван прилог во кој жители од Арачиново тврдеа дека им биле ветени вработувања на 300 пилоти но тоа ветување не било исполнето.

XS
SM
MD
LG