Достапни линкови

Помпео - Пендаровски: Пријателство засновано на заеднички вредности за мир и демократија


Американскиот државен секретар Мајк Помпео и македонскиот претседател Стево Пендаровски во Охрид

Посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео е во исклучително важен период за нашата земја и е потврда за пријателството меѓу САД и Северна Македонија, засновано на заедничките вредности за мир, слобода и демократија, рекол македонскиот претседател Стево Пендаровски на средбата со шефот на американската дипломатија, соопшти Кабинетот на Претседателот.

„САД е нашиот стратешки партнер уште од нашата независност, а американската поддршка беше клучна во одбранбените реформи и трансформацијата на нашата Армија, со цел исполнување на критериумите за членство во НАТО. Преку програмите за развој, САД ни помогнаа во зајакнувањето на институциите, владеењето на правото, реформите на судството, зајакнувањето на граѓанскиот сектор и медиумите, како и поддршка на поволна бизнис клима за трговска размена меѓу двете земји“, рекол Претседателот.

Помпео се заблагодарил за топлото добредојде во Северна Македонија и рекол дека американската поддршка во продлабочувањето на пријателството меѓу двете земји ќе продолжи и во иднина, што е значајно не само за Република Северна Македонија туку и за стабилноста и безбедноста на целиот регион.

XS
SM
MD
LG