Достапни линкови

Вучиќ изненаден од назначувањето на Гренел за претставник на Трамп во српско - косовските преговори


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е изненадувачка вест за него одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го назначи актуелниот американски амбасадор во Германија, Ричард Гренел, за специјален претседателски претставник за преговорите меѓу Белград и Приштина и најави дека ќе има телефонски разговор со него во текот на денот.

По состанокот со претставниците Српска листа во Белград, Вучиќ кажа дека преговорите меѓу Белград и Приштина веќе се одвиваат под покровителството на Европската унија и дека специјален пратеник бил Метју Палмер.

„Американскиот претседател Доналд Трамп сега назначи нов човек и денес ќе имам разговор со Гренел. Тој е, секако, сериозен човек од доверба на Трамп и ќе видиме во која насока ова ќе оди“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија „не изразува незадоволство“ од дијалогот спонзориран од ЕУ.

XS
SM
MD
LG