Достапни линкови

Димитров: Колин Пауел дојде во кризно време, Помпео во време на надеж


Американскиот државен секретар Мајк Помпео и министерот за надворешни работи Никола Димитров на Охридскиот аеродром

Оваа посета на американскиот државен секретар Мајк Помпео е потврда на значењето што САД го придаваат на нашиот успех и најава на идното сојузништво. Осумнаесет години од посетата на последниот државен секретар Колин Пауел кој дојде во едно кризно време, сега секретарот Помпео доаѓа во време на надеж и шанси, изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров, по повод посетата на државниот секретар Мајк Помпео.

„Со САД имаме декларација за стратешко партнерство што се потпиша по неуспехот на Самитот во Букурешт 2008 година. Сега конечно како 30-та земја членка на НАТО ќе бидеме и формални сојузници со САД. Во таа смисла по Рим и Подгорица, ова е трето застанување во неговата европска турнеја. Сигналот е дека ова е стратешки важно за Вашингтон и истовремено со оглед на тајмингот на десетина дена пред одлуката што сите ја очекуваме од ЕУ, конечно да влеземе во следната фаза да ги почнеме пристапните преговори. Ова е порака од Америка кон ЕУ дека овој процес е многу важен и е стратешки и треба да успее. Во таа смисла јас сум убеден дека ќе има сигнал и позитивна порака кон ЕУ“, рече Димитров во изјава за МРТВ.

Во однос на тоа дали земјава има реална шанса да стане 30-та членка на НАТО на Самитот во декември, Димитров рече дека процесот оди многу брзо и оти членството е извесно.

XS
SM
MD
LG