Достапни линкови

Пацоли: Трамп сака Србија да го признае Косово


Беџет Пацоли

Шефот на косовската дипломатија во оставка, Беџет Пацоли, го поздрави назначувањето на американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, за специјален пратеник на претседателот Доналд Трамп за преговорите меѓу Косово и Србија, јави МИА од Приштина.

Пацоли на својата страница на Фејсбук порача дека „ова ја потврдува посветеноста на САД за процесот и личната заинтерeсираност на претседателот Трамп за меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија“.

„Последниве недели постојано повторувам дека дијалогот треба да се затвори од новата влада. Наша главна задача и стратешки интерес е да се поврземе со нашите партнери, да работиме со нашите пријатели. Претседателот Трамп сака Србија конечно да го признае Косово и ние ќе го поддржиме тоа, затоа што е интерес и на Косово“, напиша Пацоли.

XS
SM
MD
LG