Достапни линкови

СДСМ од денеска со ребрендиран слоган и во нови бои


Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ

Со ребрендиран слоган и со нови бои, црвено-бела, владејачкиот СДСМ денеска стартуваше со нова кампања. Од партијата најавија бројни граѓански трибини и карвани под новото мото „На прав пат“, во викендите во поголемите градови, а во работните денови во помалите.

Генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, изјави дека не станува збор за предизборна кампања туку за тековни активности на партијата.

„СДСМ е подготвена секое време за избори, ова не е изборна кампања туку темпо на работа на партијата кое се поклопува со активностите кои ги преземаме. Се работи за редовни тековни активности на одговорна политичка партија“, рече Николовски.

Тој додаде дека за СДСМ најдобар датум за избори е октомври 2020 година, но не ја исклучува можноста за предвремени. Николовски најави интензивирање на партијата во следниот период.

„Ќе ги мобилизираме капацитети и нашите функционери. Жалам што опозицијата постојано се обидува да не кочи во НАТО, ЕУ, да го кочи растот на платите. Затоа нема да ги коментирам, туку ќе бидеме фокусирани на системот на СДСМ. Партијата ќе биде спремна за избори во секое време“, рече Николовски.

XS
SM
MD
LG