Достапни линкови

Мицкоски формираше тим за „Обнова на Македонија“: Борко Ристовски, Дурловски, Кедев...


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска го претстави својот нов тим од, како што рече, надпартиски соработници, кои ќе му помогнат во „обновата на Македонија“.

Во тимот на Мицкоски се: професорката Гордана Силјановска - стратешки соработник од областа на правото и политичкиот систем, Сашко Кедев - медицина и здравствени политики, Владимир Дуковски професор во пензија - стратешки соработник за технолошки развој, Хозе Караско вонреден професор во Мадрид - стратешки соработник за економија, Игор Дурловски - стратешки соработник за култура, Влатко Гигов, државјанин на Швајцарија - стратешки соработник за нови производи и медиуми и Јанко Баждавела од Њујорк.

За прашања од областа на спортот стратешки соработник на Мицкоски ќе биде ракометниот голман Борко Ристовски, за енергетика Сања Божиновска, од областа на туризмот, Ака Махмуд кој е косопственик на ЕРЕК групацијата... За прашања на трудово парво вонреден професор

Во тимот на Мицкоски има уште десетина професори, но, како што рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, писокот ќе се проширува.

„Мојата визија за Македонија е земја која ќе биде напредна. Нам ни е потребна обнова во секој сегмент на општеството“, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

XS
SM
MD
LG