Достапни линкови

Макрон лично ќе ја носи одлуката за датум за преговори за Македонија


Не се донесени нови нацрт заклучоци за Северна Македонија и за Албанија на денешниот амбасадорски совет во Брисел, на кој се очекуваше да се постигне напредок во дискусијата за проширувањето. Но Франција сѐ уште нема конечен став, се чека одлуката лично да ја донесе претседателот Емануел Макрон, јавува МИА.

Од Советот велат дека од Франција не се очекува да ја дефинира јасно својата позиција најрано до самиот Совет за општи работи на 15-ти октомври во Луксембург, но не е исклучено прашањето да им се остави и на лидерите на ЕУ два дена подоцна на самитот во Брисел.

Друга непозната е одлуката на Холандија која се очекува идната недела. Според сигналите на холандскиот парламент и холандскиот министер за надворешни работи, многу е веројатно Хаг да побара појасно одвојување помеѓу Скопје и Тирана, односно поголема условеност за Албанија.

XS
SM
MD
LG