Достапни линкови

Северна Македонија е партнер на ЕУ и треба да добие датум, смета Ципрас


Алексис Ципрас на Самитот на „Економист“ во Скопје

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас смета дека Договорот од Преспа е победа на дипломатијата над национализмот и можност за поблиска соработка меѓи двете земји, а Северна Македонија покажала дека е кредибилен партнер на ЕУ затоа треба да ѝ одреди датум за почеток на пристапните преговори на следниот состанок на Европскиот совет.

„Овој договор ја покажува вредноста за која се бори ЕУ. Дел од него е и членството во Европската унија. Со овој договор се потврдува и амбицијата на ЕУ да воспостави мир и стабилност во овој регион. Северна Македонија е држава која го промовира процесот на проширувањето во рамките на европското законодавство. Тој покажува дека државата е кредибилен партнер за ЕУ и таа треба да одобри датум за преговори на следниот состанок на Европскиот совет“, порача Ципрас во обраќањето на отворањето на Самитот на „Економист“, што се одржува денеска во Скопје.

XS
SM
MD
LG