Достапни линкови

Петкова - Бектеши: Северна Македонија заинтересирана за Белене


Министерот за економија, Крешник Бектеши и бугарската министерка за енергетика,Теменужка Петкова

Интересот за учество на Северна Македонија во изградбата на нуклерната централа Белене во Бугарија е уште еден чекор за продлабочување на соработката во делот на енергетиката. Северна Македонија сака да биде партнер на Бугарија во изградбата на овој важен енергетски капацитет за што бенефит ќе има целиот регон. Ова било истакнато во Софија на средбата меѓу министерот за економија Крешник Бектеши со бугарската министерка за енергетика,Теменужка Петкова.

Бектеши истакнал дека Владата и Министерството за економија во наредниот период ќе работат на реализација на проекти за енергетско поврзување на двете земји. Северна Македонија во изминатите две години, како што потенцирал тој, направи големи реформи во енергетскиот сектор и целосно ја транспонираше европската регулатива.

„Имаме потполно нов Закон за енергетика во кој се транспонирани европските регулативи. Работиме напорно да ги зголемиме капацитетите за производство на електрична енергија од обновливи извори, посебно од сонце и за таа цел преминавме од фидинг тарифи на премиум тарифи. Првиот јавен повик за изградба на фотоволтаични централи на државно земјиште кој беше објавен пред неколку месеции е многу успешен е пример во регионот. На јавниот повик пристигна понуди од инвеститори кои бараат 0 евра премиум од државата за произведената струка“, истакнал министерот Бектеши.

Во делот на снабдување со електрична енергија министерот Бектеши уште еднаш го изрази интересот на државата да учествува со 10 отсто во изградбата на нуклеарната централа Белене и да купува 10 отсто од произведената струја, за што министерката Петкова потенцираше дека е од исклучително значење за Бугарија.

„Нуклеарната централа Белене е таков проект кој може да го реши дефицитот на струја во регионот. Освен Северна Македонија, за учество во проектот пристигна понуди од 13 стретешки инвеститори. До крајот на годината ќе направиме конечна листа на стратешки партнери кои се во трка за учество во изградбата на нуклеарната централа и на почетокот на 2020 година ќе ве поканиме на техничко ниво и вие како држава и заинтересирана страна да започнете преговори со приватните инвеститори за учество во Белене“, посочила министерката Петкова.

XS
SM
MD
LG