Достапни линкови

Заев објаснуваше од каде знае дека Верушевски ќе разјасни за „модифицирањето бомбите“


Како со сите мои советници, така и со Зоран Верушевски, кој е мој советник за национална безбедност, сум во постојана комуникација, изјави денеска премиерот Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање за тоа од каде тој знае дека на следното сведочење на рочиштето за Таргет-Тврдина, Верушевски ќе ги разјасни работите што се отворија во јавноста на претходното негово сведочење кога кажа дека по неговото приведување „бомбите биле модифицирани“.

„Секако дека е точно дека материјалите му се предадени на господинот Верушевски, како што кажаа Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски, но тие формално правно се предадени на СДСМ, а се примени преку господинот Верушевски, а јас тогаш веќе бев лидер на СДСМ“, посочи премиерот.

Изјавата на Верушевски во врска со модфицираноста на „бомбите“, Заев ја поврза со разочаранста што некој го вовлекувал СЈО во „Рекет“, како и истекувањето на „бомбите“ како случајот со Ел Чека.

„Ниту еден од обвинетите во кој било од случаите не ги оспорува бомбите, и форензиката ја покажа самата автентичност на материјалите“, рече премиерот.

Заев додаде дека треба да се остават процесите да течат, сведоците да сведочат, обвинетите да си ја градат својата одбрана.

XS
SM
MD
LG