Достапни линкови

Професор против затвореник на претседателските избори во Тунис


Гласање на првиот круг од претседателските избори во Тунис на 15 септември

Професорот одбива да води кампања за претседател, а затвореникот не може. Сепак, тие двајца освоија најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори во Тунис и влегоа во вториот круг кој треба да се одржи на 13 октомври.

На првиот круг, одржан на 15 септември, туниските гласачи им дадоа најмногу гласови на двајцата политички аутсајдери: опскурниот конзервативен професор по право Каис Сајед, кој верува дека Тунижаните веќе знаат доволно за него и медиумскиот магнат Набил Карауи, чие лице е на предизборните постери ширум земјата, но во изминатиов месец, тој е во притвор каде што чека пресуда по обвиненијата за корупција.

Професорот одбива митинзи, плакати или која друга било вообичаена маркетинг алатка. Тој победи во првиот круг со 18 отсто освоени гласови.

Карауи освои 15 отсто и на гласачите од затвор им се обраќа преку сопругата или адвокатите, како и преку Фејсбук. Тој има репутација на долгогодишен хуманитарец, кој им дели макарони и други подароци на сиромашните. Тој ги негира обвинувањата за корупција и тврди дека целта им негова пропаст на изборите.

Кандидатот на владејачката исламистичка партија Енахде беше толку тешко поразен во првиот круг, па партијата сега го поддржува професорот Сајед.

Аналитичарите сметаат дека исходот изборите покажува дека граѓаните не му веруваат на системот.

XS
SM
MD
LG