Достапни линкови

Возило со мигранти во Грција удри во автомобил и го усмрти возачот


Илустрација: Мигранти патуваат со автомобил

Автомобил со 12 авганистански мигранти поминал на црвено светло и удрил во возило кое излегувало од споредна улица, усмртувајќи ги возачот, 64-годишен Грк, соопшти денеска полицијата.

Еден мигрант е тешко повреден, а тројца полесно во несреќата што се случила на стариот пат Кавала-Солун. Некои од мигрантите се возеле во гепек.

Возачот е уапсен. Се работи за 25-годишен Молдавец, криумчар со луѓе, кој ги превезувал мигрантите до Солун.

На прашање дали возилото на криумчарот било гонето, портпаролот на полицијата рекол дека не е, но други полициски извори велат дека е можно автомобилот со мигрантите да бил следен со необележана полициска кола.

XS
SM
MD
LG