Достапни линкови

Мицкоски бара избори во март, Заев сака цел мандат


Комбо фотографија на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Христијан Мицкоски и Зоран Заев

Не се потребни предвремени избори без разлика на јаловите, неаргументирани барања на опозицијата, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Детектор“ на ТВ Сител.

Според Заев, потребен е цел мандат за да може граѓаните да ги почувствуваат придобивките од евроатланските интеграции. Тој вели дека опозицијата се труди да спречи воведување ред во правната држава и економијата да ги даде своите резултати

„Конечно нашата земја да истера еден цел мандат, да заокружи политики, да исполни ветувања политиката спрема граѓаните, да се направи убав пресек, па после тоа да се оди на избори“, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, истакнува дека е свесен оти граѓаните се уморни од одржување на какви било избори, но дека истовремено актуелната состојба во државава наметнува тоа да се случи. Според Мицкоски, март идната година е добар датум за избори.

„Мислам дека веднаш после одлуката на Европскиот совет дали Македонија ќе ги почне или нема да ги почне преговорите со ЕУ, а јас се надевам дека ќе ги отпочнеме, можеме да формираме една техничка влада и веднаш потоа таму некаде во март да одржиме едни предвремени парламентарни избори и да провериме дали тоа што опозицијата го говори е така или пак тоа што го говори премиерот дека блескаме е вистината“, вели Мицкоски за Детектор.

Интервјуата на Заев и Мицкоски ќе се емитуваат во првата епизода од втората сезона на „Детектор“ попладне на ТВ Сител.

XS
SM
MD
LG