Достапни линкови

Многу предлози за новиот изборен модел, тешко до заедничко решение


Министерката за правда Дената Дескоска

Министерката за правда Рената Дескоска денеска истакна дека не е голем оптимист оти ќе се најде заеднички јазик околу изборниот модел што би бил најсоодветен за Република Северна Македонија, со оглед на широкиот спектрум на различни предлози на политичките партии. А Изборен законик, додаде таа не се менува без консензус.

На политичката сцена има целосно спротивставени мислења за тоа каков треба да биде изборниот модел, истакна Дескоска пред почетокот на завршната конференција на проектот „Правна заштита на избирачките права“ во организација на Институтот за правни и политички истражувања.

„Имаме предлози што се за една изборна единица, имаме предлози што зборуваат за намалување на бројот од шест изборни единици, но да не биде една – значи, три и слично. Веќе слушам во консултациите што ги правиме, одредени експерти предлагаат и осум изборни единици. Но, исто така слушнавме дека има политички партии што бараат мнозински изборен модел. Така што, тоа е еден спектрум на целосно различни ставови и доколку нема консензус нема да има промена на изборниот модел“, рече таа и додаде дека, имајќи ги предвид различните ставови, не е многу оптимист дека ќе може да се најде заеднички јазик.

XS
SM
MD
LG