Достапни линкови

Фетаи: Изјавата на Верушевски за бомбите нема да влијае на постапките


Изјавата на разузнавачот Зоран Верушевски во предметот „Тврдина-Таргет“, за модификацијата и компромитирање на бомбите, нема да влијае врз постапките што ги водеше СЈО, а кои сега продолжуваат во редовното обвинителство, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи, пред почетокот на новото рочиште за предметот „Насилство во Центар“.

„Прислушуваните материјали како доказ се признати и поткрепени со материјални и вербални докази. Изјавата на сведокот Верушевски нема да влијае на автентичноста на овие докази, ниту на постапките што се водат во врска со нив. Прочитав дека изјавил и оти бомбите биле модифицирани и компромитирани. Сакам да напоменам дека никогаш во судница обвинетите не ја кажале онаа фраза: ’Сечени, лепени, монтирани‘, што ја кажуваа во медиумите“, рече Фетаи.

XS
SM
MD
LG