Достапни линкови

Германија утре ќе даде поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ


Германскиот Бундестаг утре и официјално ќе даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, а на седницата на покана на претседателскиот на германскиот Парламент, Волфганф Шојбле, ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, објави Дојче веле.

Владејачките германски партии ЦДУ и СПД вчера се договориле да се одобри датум за почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија, а се очекува поддршката да ја даде уште најмалку една партија, Зелените. Одлуката била донесена на состанок на коалициските партнери во германската Влада. ЦДУ, на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите нагласила дека почетокот на преговорите со двете земји ќе испрати важен сигнал за целиот регион.

Пратеничката на СПД, Незахат Барадари, која е и член на парламентарната комисија за ЕУ ја потврди информацијата.

XS
SM
MD
LG