Достапни линкови

Мицотакис со поддршка до Заев за отварање на преговори со ЕУ


Премиерот Зоран Заев и премиерот Киријакос Мицотакис, на маргините на Генералното собрание на ООН,

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази поддршка за отворање а преговори со Европската Унија на средбата на премиерот Зоран Заев, што се одржа денеска во Њујорк, за време на Генералното собрание на ОН,соопшти владината прес служба. Во соопштението е наведено дека на средбата била потенцирана и потребата од доследната и навремена имплементација на Договорот од Преспа како клучна за унапредување на односите и обезбедување на европската перспектива за Северна Македонија.

Премиерот Заев истакнал дека Владата е подготвена за целосно спроведување на Акцискиот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу двете држави, како што е предвидено со Договорот од Преспа, за кој потенцирал дека е историски чекор и значаен договор за градење добрососедство, поблиска соработка и конструктивни и позитивни односи меѓу двете земји.

Според грчките медиуми, Мицотакис му рекол на Заев дека тој лично немало да го потпише Договорот од Преспа, но додал дека по ратификацијата е дел од меѓународното право и Грција треба да го почитува.

XS
SM
MD
LG