Достапни линкови

Вучиќ, Заев и Рама во Белград ќе зборуваат за „мал Шенген“


илустрација

Српскиот преседател Александар Вучиќ на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк, најави дека неговите колеги премиерите Зоран Заев и Еди Рама во првата половина од октомври ќе го посетат Белград каде ќе разговараат за отстранување на царинските бариери, пренесуваат српските медиуми. Вучиќ изјавил дека на денешната средба со нив ја иницирал идејата за понатамошно отстранување на различните бариери за водење бизнис на територијата на трите држави и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги, односно создавање еден вид „мал шенген“.

„Овој договор би требало да биде конкретизиран на 9 и 10 октомври во Нови Сад, бидејќи мислам дека е важно што ја инициравме идејата за регионална соработка. Ние сакаме да се поврземе економски и со тоа да излеземе пред ЕУ и другите како заеднички блок“, изјави Вучиќ.

XS
SM
MD
LG