Достапни линкови

Светските лидери се собраа на Самитот за климатски промени во Њујорк


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш зборува на отворањето на Самитот.

Околу 60 светски лидери присуствуваат на Самитот на ОН за климатски промени што се одржува во Њујорк. Меѓу учесниците се и претседателот на Франција, Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон, но некои клучни лидери, како американскиот претседател Доналд Трамп, нема да учествуваат.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш бара до земјите да се оттргнат од користењето фосилни горива и да престанат да градат нови електрани на јаглен по 2020 година.

„Вонредната ситуација со климата е трка која ја губиме, но тоа е трка на која можеме да победиме“, изјави Гутереш.

И владина делегација од Македонија учествува на Самитот за климатски промени во Њујорк. Делегацијата ја предводи премиерот Зоран Заев. Премиерот Заев, и владина делегација во чиј состав се и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, ќе учествуваат во работата на меѓувладиниот панел за климатски промени и на други форуми, каде што, како што се посочува, ќе бидат презентирани и усогласени национални агенди за намалување на емисиите на јагленороден диоксид и други честички што ја уништуваат озонската покривка и го загадуваат воздухот.

XS
SM
MD
LG