Достапни линкови

Компанијата Арцелор Митал го предизвикала еколошкиот инцидент во Вардар


Илустрација - река Вардар.

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека го еколошкиот инцидент во реката Вардар го предизвикала фирмата Арцелор Митал преземен од Либерти Хаус Груп. По пишувањата на медиумите дека реката Вардар е обоена Државниот инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор во комплексот на поранешна Железарница кај три правни субјекти Макстил А.Д, ЕСМ-Подружница Енергетика, Скопје и Арцелор Митал преземен од Либерти Хаус Груп, поради вчерашното загадување на водите на река Вардар.

Правниот субјект Арцелор Митал преземен од Либерти Хаус Груп, писмено го известил Државниот инспекторат за животна средина дека еколошкиот инцидент, кој се случи вчера е предизвикан од нивна страна. Од компанијата се излеал материјал измешан со железо и киселина без соодветно да биде третиран во системот за отпадни води и е предизвикано излевање на видно обоена црвеникаво-жолта отпадна вода во река Вардар вчера во утринските часови, се вели во соопштението на Инспекторатот.

XS
SM
MD
LG