Достапни линкови

Пендаровски: Напредуваат преговорите за ЈО, евентуалниот неуспех нема да влијае на одлуката за датум од ЕУ


Претседателот Стево Пендаровски

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се многу блиску до договор за Законот за јавно обвинителство, изјави претседателот Стево Пендаровски, и додаде дека за решавање остануваат уште две или три точки за кои лидерите на двете најголеми политички партии барат компромис.

Според претседателот, во случај на евентуален неуспех на преговорите, одлуката за определување датум за преговорина Македонија со ЕУ нема да биде загрозена, бидејќи, како што рече, ова прашање е решено со префрлувањето на предметите во Основното јавно обвинителство.

Пендаровски го повтори и неговиот став дека за доброто на сите ќе биде истрагите за отворените предмети, СЈО да ги води во рамките на постоечкото обвинителство.

XS
SM
MD
LG