Достапни линкови

Случаите Титаник, Траекторија и Маџар Телеком остануваат кај Лиле Стефанова


Обвинителката Лиле Стефанова

Поранешната обвинителка од СЈО, а сега од Јавното обвинителство, Лиле Стефанова, со одлука на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, и понатаму останува да ги води предметите „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“. Овие три предмети до пред две недели беа кај СЈО, а од пред седум дена преминаа во надлежност на ОЈО.

Во предметот „Титаник“ обвинет е поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности: Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски...

Во „Траекторија“ обвинети се Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Тие се обвинети за нанесување штета на Буџетот на Македонија од најмалку 155 милиони евра при избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид.

Предметот „Маџар Телеком“ се однесува за злоупотреба на службената положба се обвинети генералниот директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи, финансискиот директор, Ролф Плат, како и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус, кои беа осомничени дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на Македонија, бидејќи Владата била акционер.

XS
SM
MD
LG